ЧИПЛАКОВА КОЛИБА
Избањата во чист воздух и природна убавина, оваа вила е на уникатно место каде што наместо со автомобили и бучава ќе се сретнете со неверојатен мир и прекрасна околина опкружена со борова шума. Покрај самата вила поминува пешачка трим стаза која што го поврзува Беровското езеро и туристичката населба Абланица оддалечена 3км, и води директно до градот Берово со вкупна должина од 7км, и истата е погодна за возење велосипед.
.
Вилата е идеална за сместување на цело семејство со капацитет од 6 легла со плус 2 помошни кревета, вкупно 8. Фурната, огништето и скарата со која располага ќе ви овозможи приготвување на локални специјалитети. Објектот има природен извор на минерална вода која што е испитана во завод за здравствена заштита Скопје и според добиениот сертификат има доказани лековити својства за дигестивниот тракт.
 
.
Доколку уживате во прошетки на само пет минути пешачење се наоѓа Беровското езеро кое ќе ви понуди незаборавен видиковец.
.
Во блиската околина можат да се најдат над триесетина лековити билки кои што се користата за чај и сирупи.